Македонија
25. March 2020 - 14:53

ЕУ најави помош од 66 милиони евра за Македонија

ЕУ ќе и помогне на Македонија  со 66 милиони евра во борба против корона вирусот. Ова преку твитер го објави евроамбасадорот Самуел Жбогар во исто поздравувајки ја одлуката на Унијата за почеток на прегворите во овие тешки времиња кога целиот свет е паралзиран од пандемијата.

Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша  Жбогар.

Лидерот на СДСМ  очекува ЕК да ја подготви преговарачката рамка и наскоро да се одржи и првата мегувладина конференција . Тој се пожали дека за овој успех не честитала опозицијата.

Од ВМРО ДПМНЕ ја поздравуваат одлуката на ЕУ и бараат  конкретна времснка рамка за старт на  преговорите. Велат дека нема да ми честитаат на Заев бидејки се работи за заедничко постигнување, а не лично.

Честитки за одлуката на Европскиот совет доагаат од сите делови на ЕУ. Поранешниот грчки премиер Папандреу и  Катругалос и  екс министерот за надворешни работи  порачаа дека ова ке придонесе за стабилноста на целиот регион.