Фудбал
12. October 2019 - 10:58

Еуро 2020: Чесите подобри од Англија

Голема победа на Чешка против фаворитот Англија во квалификациите за ЕП. Домашните фудбалери со гол во 85 минута славеа победа со 2-1 против селекцијата на „Гордиот Албион“.

Триесетгодишниот Зденек Ондрашек вечерва дебитираше за својата репрезентација.

Претходно, Англија прва дојде во водство, уште во 5. минута со гол од пенал на Хари Кејн. По само 4 минути Чесите го израмнија резултатот преку Брабец.

Во Лисабон, Португалија предводена од Кристијано Роналдо стигна до лесни 3-0 против аутсајдерот Луксембург, а најинтерсниот момент на мечот се случи во 65 минута кога Роналдо со прекрасен лоб удар донесе водство за својата селекција тогаш од 2-0.