Кошарка
21. јуни 2017 - 9:41

Еуробаскет - жени: Елиминиран европскиот првак Србија

По одигрувањето на осминафиналните дуели на Европското првенство во кошарка за жени што се одржува во Чешка познати се четвртфиналните двојки. Победи во осминафиналето обезбедија: Словачка, Летонија, Италија и Грција. 
 
Најголемото изненадување го направи Летонијакоја успеа да го елиминура европскиот првак Србија со победата од 75:70. Словачка оствари најубедлива победа и ја совлада Украина со 82:68, додека Грција беше подобра од Русија со 62:58. Минимален триумф постигна Италија против Унгарија со 49:48.
 
На Европското првенство денеска е слободен ден, а утре се играат четвртфиналните дуели:
Белгија – Италија,
Турција – Грција,
Франција – Словачка и
Шпанија – Летонија.