Кошарка
22. јуни 2017 - 18:16

Еуробаскет - жени: Полуфинале за Белгија и Грција

Репрезентациите на Белгија и на Грција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство за кошаркарки откако во првите два четвртфинални дуели ги победија Италија односно Турција. Белгија беше поуспешна од Италија со 79:66, додека Грција убедливо ја совлада Турција со 84:55.
 
Во другите два четвртфинални натпревара играат: Шпанија – Летонија и Франција – Словачка.
Во полуфиналето Белгија ќе игра со победникот од дуелот Шпанија и Летонија, а Грција за противник ќе го има подобриот тим од четвртфиналето меѓу Франција и Словачка.   
 
Полуфиналните натпревари се играат на 24.јуни (сабота).