Loading Video...
Ракомет
24. March 2021 - 15:12

Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Магдебург

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се пред елиминација од Лигата на Европа. 
 
Екипата на Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз од германскиот тим Магдебург во првиот натпревар од осминафиналето на Европската лига. 
 
На средбата одиграна во Битола, пелистерци загубија со убедливи 8 голови разлика односно 24-32. 
 
Тренерот на битолчани Жељко Бабиќ по мечот истакна дека причината за поразот е лошиот почеток во кој неговиот тим бил предвидливи во нападот, а со таква игра против квалитетен тим како Магдебург, било јасно дека грешките ќе бидат казнети. 
 
По овој пораз шансите за евентуален пласман во следната рунда се сведени на теорија, но од таборот на пелистерци најавуваат дека на реванш средбата во Германија што ќе се игра следната седмица нема да отпатуваат со бело знаме. 
 
Пред гостувањето кај Магдебург, екипата на Еурофарм Пелистер веќе во сабота ја очекува нов голем предизвик, а тоа е дуелот против Вардар во Скопје, во рамките на домашниот шампионат.