Loading Video...
Ракомет
18. September 2019 - 14:46

Еурофарм Работник кај Савенхоф ќе атакува на првата победа во ЛШ

 
 
 
Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва (19 часот) го играат вториот меч во Лига на шампионите. 
 
Битолскиот клуб кој важи за поискусна и далеку повозрасна екипа, е благ фаворит во мечот против шведскиот претставник Савенхоф тим кој го има најмладиот состав во елитното натпреварување. 
 
Швеѓаните во првата рунда славеа победа на гостувањето во Финска против Кокс со 30-25, додека Еурофарм Работник во своето деби пред домашната публика загуби минимално од португалскиот Спортинг Лисабот со 30-29. 
 
Покрај овој натпревар кој е во рамките на Ц групата, вечерва се играат уште две средби од 2.коло, во кое актуелниот европски првак Вардар во недела од 17 часот во „Јане Сандански“ го пречекува Порто.