Loading Video...
Ракомет
10. February 2019 - 15:58

Еурофарм Работник со пораз го започнат настапот во групната фаза во ЕХФ купот

Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз о започнаа својот настап групната фаза во ЕХФ купот. 
 
Битолскиот тим гостува во Германија, кај Хановер во меч од Б групата, се поразени со 24-21 полувреме 16-14. 
 
Иако во поголемиот дел од мечот домаќините го контролираа резултатот, сепак битолчани постојано имаа приклучок. 
Но, тимот на Еурофарм не успеа на стигне до израмнување или пак да направи комплетен пресврт и да го избегне поразот. 
 
Најефикасен во редовите на македонскиот претставник беше Граџан со шест, додека Кузмановски и Остроушко постигнаа по четири гола. Кај победничката екипа на Хановер се истакна Олсен со седум гола.
 
Во следното коло кое на програмата е следниот викенд, Еурофарм Работник на 17 февруари (19 часот) во Битола го пречекува унгарскиот тим Татабања, кој во првата рунда на домашен терен загуби од хрватскиот вице-првак Нексе 27-28.