Свет
25. October 2019 - 8:28

Евакуација на 50.000 луѓе поради шумски пожар во Калифорнија

Калифорниските власти наредија евакуација на стотици луѓе од градот Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради пожар кој се шири во округот Сонома.

Шерифот во областа нареди задолжителна евакуација за тоа место, во кое живеат околу 900.000 луѓе.

Досега 200.000 луѓе останале без електрична енергија.

Калифорниската Служба за шумарство и заштита од пожари соопшти дека пожарот, кој го разгоруваат и силните ветрови, досега зафатил површина од околу 10.000 ари.