Евакуација на населението поради поплавите во Канада
Војската на Канада почна евакуација на граѓаните од источниот дел на земјата поради попллавите што достугнаа максимално ниво.
Евакуацијата почна во саботата бидејќи се очекува да расте нивото на водата, а максимумот да го достигне в понеделник и во вторник.
Нивото на водата вчера продолжи да расте посебно во провинцијата Квебек, каде се распоредени околу 400 трупи.
Претседателот на Владата на Квебек, Филип Кујар предупреди дека следува најтешкото.
- Нивото на водата ќе почне да расте во следните два-три дена, изјави Кјуар по посетата на градот Ригауд, источно од Монтреал, кој се справува со поплавите повеќе од една недела.
Обилниот дожд и снегот што се топи доведе до излевање на реките и предизвика критична ситуација на подрачјето од Отава до Монтреал.
Провинцијата Квебек е најпогодена од поплавите, каде над 1.500 домови во 121 градови се под вода, а речиси илјада луѓе се евакуирани.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите