Балкан
23. March 2016 - 13:04

Евакуиран и затворен Конзулатот на Холандија во Истанбул

Конзулатот на Холандија во Истанбул денеска е евакуиран и привремено затворен поради „можна терористичка закана“, соопшти холандското МНР.

– На холандските граѓани во Истанбул им е советувано да избегнуваат област околу Конзулатот, се вели во соопштение.

Детали за можните закани не се познати, наведуваат западни медиуми.