Свет
31. August 2016 - 12:28

Евакуирани терминали на аеродромот во Франкфурт поради безбедносна закана

Пробивањето на безбедноста на еден од најпрометните аеродроми во Европа, оној во Франкфурт, предизвика одложување на повеќе летови.

- Делови од Терминалот 1 од Франкфуртскиот аеродром се евакуирани, откако патник влегол во ограничената зона, без претходно во цлеост да ја мине безбедносната проверка, информира оператор од центарот.

Поради тоа, Федералната полиција ги расчисти Пирс А и А + и патниците повторно ќе бидат подложени на безбедносна проверка, јави Би-Би-Си.

Портпаролот на Франкфуртскиот аеродром изјави дека нарушувањето на безбедноста ќе води до одложување на некои летови.