ЕВН: Во Грчец нелегално се троши струја за копање биткоини
Денеска на автопатот Скопје – Тетово, жителите на Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибицуија на електрична енергија. Со реакција се јавија од ЕВН.
„Електродистрибуција постојано во текот на многу години значително инвестираше и се обидува да направи реконструкција на мрежата во Грчец, но екипите секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета од страна на жителите. Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот. Електродистрибуција иако постојано инвестира во материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин.“, велат од ЕВН.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје