Кошарка
7. April 2017 - 10:16

Евролига: Фенербахче ја прекина серијата порази

Кошаркарите на Фенербахче по дополнителните пет минути ја победија Барселона синоќа на домашен терен во натпревар од 30.то (последно) коло од Евролигата. Воедно со тоа ја прекинаа серијата од три порази. Богдан Богдановиќ со 15 и Никола Калиниќ со 13 поени беа најефикасни кај победникот, додека Тајрис Рајс беше најефикасен на дуелот со 19 поени.
Резултати на синоќа одиграните дуели од оваа рунда: Фенербахче – Барселона 68:65, Бамберг – Галатасарај 79:84, Макаби – Панатинаикос 61:81 и Басконија – Жалгирис 79:84.
Вечерва се играат последните четири натпревари од лигашкиот дел: Дарушафака – Црвена Звезда, ЦСКА Москва – Олимпијакос, Армани Милано – Уникс и Реал Мадрид – Анадолу Ефес.
Победникот од натпреварот Дарушафака – Црвена Звезда ќе биде последниот осми учесник во плеј офот. 
Табела: Реал Мадрид 22-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 21-8, Олимпијакос 19-10, Панатинаикос 19-11, Фенербахче 18-12, Анадолу Ефес 17-12, Басконија 17-13, Црвена Звезда 16-13, Дарушафака 15-14, Жалгирис 14-16, Барселона 12-18, Галатасарај 11-19, Бамберг 10-20, Макаби 10-20, Армани Милано 8-21 и Уникс 7-22.