Кошарка
22. April 2017 - 10:47

Евролига: Гостински победи за Дарушафака и Ефес

Кошаркарите на Дарушафака и на Анадолу Ефес синоќа направија изненадувања откако на натпреварот број 2 од четвртфиналето во Евролигата како гости ги победија Реал Мадрид односно Олимпијакос. Со овие триумфи Анадолу Ефес и Дарушафака го изедначија резултатот на 1-1 во победи и следните два натпревара ги играат на домашен терен.
Дарушафака во Мадрид го совлада Реал со 84:80. Бред Ванамејкер со 21 поени и Анте Жижиќ и Скоти Вилбекин со по 17 беа тројцата најзаслужни за триумфот на турската екипа.
Анадолу Ефес оствари победа од 73:71 над Олимпијакос, а сите играчи (вкупно десет) кои влегоа во игра кај гостите од Истанбул се запишаа во листата на стрелците.
На другите два четвртфинални дуела ЦСКА Москва води со 2-0 во победи против Басконија и гостува на следните два натпревара, додека Фенербахче има предност од 2-0 и ќе биде домаќин на Панатинаикос.