Евролига: Изненадување во Истанбул и Москва
Откако во првите мечеви фаворитите Фенербахче и ЦСКА Москва остварија убедливи победи на стартот на плејофот од Евролигата, денеска следуваше шок и домашен пораз за израмнување на серијата.
Фенербахче во првата пресметка со Жалгирис Каунас го остави литванскиот клуб на историско ниско ниво (76:43), а во четвртокот во Истанбул не успеа да се врати по очајните први три четвртини и на крајот загуби со 80:82.
По израмнетиот старт, Жалгирис направи предност од 46:39 на полувреме, а оваа разлика се зголеми на 73:58 пред последната четвртина. Тимот на Жељко Обрадовиќ имаше одлична последна четвртина, но не успеа да ги достигне „зелените“.
Едгарас Улановас беше најдобриот на теренот за гостите, постигнувајќи 20 поени, а одлични беа и Нејт Волтерс (13) и Брендо Дејвис (12). За Фенер, за кои ова е прв домашен пораз во плеј-офот откако Обрадовиќ е на клупата, Луиџи Датоме имаше 17, а Костас Слукас 15 поени.
Басконија пак, направи изненадување, победувајќи ја ЦСКА Москва на гости со 78:68 за да израмни на 1:1 во серијата пред следните два меча во Виторија, каде што тимот на Велимир Перасовиќ може да обезбеди пласман на Фајнал фор турнирот. Ова е прв домашен пораз на ЦСКА во плејофот од 2008 година!
Шпанскиот клуб одигра одлични први три четвртини за да води со 66:52, пред домаќините да направат неуспешен обид за кам-бек. Дарун Хилард постигна 16 поени, од кои 9 во последната четвртина, Шилдс додаде 15, а Поаре 14. За домаќините Кори Хигинс имаше 15, а по 14 имаа Клајбурн и Родригес. Следниот меч е на 24 април.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд