Кошарка
7. January 2017 - 10:26

Евролига: Втор пораз за ЦСКА Москва по ред

Во дерби натпреварот од 16.коло на кошаркарската Евролига, синоќа во Мадрид, Реал го совлада бранителот на титулата ЦСКА Москва со 95:85. Ова за екипата од Москва е втор пораз по ред откако загубија и на претходоното гостување во Белград од Црвена Звезда.

Градско дерби синоќа се играше во Атина каде Олимпијакос беше поуспешен од Панатинаикос со 77:69.

На другите два петочни дуела од оваа рунда: Фенербахче – Емпорио Армани 86:79 и Жалгирис – Црвена звезда 61:77.

Табела: ЦСКА Москва 12-4 (победи-порази), Реал Мадрид 11-5, Басконија 11-15, Олимпијакос 11-5, Фенербахче 10-6, Панатинаикос 9-7, Црвена Звезда 8-8, Дарушафака 8-8, Анадолу Ефес 8-8, Бамберг 7-9, Барселона 7-9, Жалгирис 6-10, Макаби 6-10, Уникс 6-10, Армани 4-12, Галатасарај 4-12.