Свет
6. August 2015 - 9:01

Европа по грчката должничка криза

Каква форма ќе добие Европа по трилерот со грчката криза? До кој степен „токсичната“ атмосфера која возникна на преговорите за грчката должничка криза ќе влијае врз иднината и единството на европската конструкција?

Во статија за американското списание Форин афеарс, професорката на Универзитетот Џорџтаун, Катлин Р. Мекнамара, пишува дека „Европската унија е уникатен експеримент за управување во историјата, уникатен обид во современата историја на едно толку интензивна заложба за воспоставување на мирна, просперитетна заедница надвор од националната држава“.

Според изданието, проблемот не е што ЕУ се руши: независно од тоа што се случи во Грција и во еврозоната, европските институции, законите и политиките ќе останат стабилни во блиска иднина.

- Но впечатокот дека Германија примени едан жестока демонстрација на сила за да ја натера Грција за прифати катастрофални услови за свој спас во замена за членството во валутниот сојуз, предизвика реакции против земјата и ги заостри разидувањата помеѓу северна и јужна Европа. Грчките преговори ја ограничија склоноста на многу европски граѓани да ја обединат својата политичка иднина“, посочува Мекнамара.

Но за да се сфати како грчката криза ќе влијае врз ЕУ, треба да се проучат изворите на европската интеграција.

Европската конструција започна и следи две различни насоки. Едната е онаа наречена од академиците „меѓувладин“. Со текот на годните, редици преговори на високо ниво донесоа половина заеднички договори за функционирањето на ЕУ како политичка институција, почнувајќи од Римскиот договор од 1958 година (со кој беше уредена Европската економска заедница) и Договорот од Маастрихт од 1992 година (на основа на кој беше создадено еврото) до Лисабонскиот договор од 2009 година (со кој се изгигна на повискоко ниво присуството на надворешата политика во ЕУ).

Овие договори ги проширија политичките можности на ЕУ, ги реорганизираа институциите и го зголемија бројот на членки на 28 од шест, колку што беа на почетокот. Германија и Франција имаат значајна улога во определувањето на патот на европската интеграција.
Балансирајќи помеѓу различните економски и геополитички реалности, француско-германското раководство во последните децении даде можност за ефикасна реализација на различните национални визии за Европската унија.

Втората насока се однесува на растечкиот институционален развој. Академиците тој пат го нарекуваат „функционалност“ и во тој правец израз во европските практики во примената на норми и програми. На тој пат владите не се главните дејствувачки лица.

Улогата таму е определана од таканаречените еврократи, кои во партнерство со националните бирократи и социјални групи ги исцртуваат социјалните правила и програми за постигнување на општите цели од договорите и исполнувани од цела мрежа од институции и практики од цела Европа, потенцира Мекнамара. И објаснува: „Од законите за движење на автомобилите до безбедноста на храната, од правата за здравствена грижа до киберпросторот, ЕУ се повеќе и наметливо формира јавен и приватен живот во 28-те држави членки и надвор од нив...“

Но затоа што ЕУ се зафати со многу амбициони планови, како што беше воведување на заедничката валута, станува јасно дека на тие два пата е невозможно да е изградат здравите темели на европската конструкција. Кризата во еврозоната го покажа досегот на меѓувладиниот правец и функционалноста како начин на управување, со кои германската влада се придржува кон рестрикциите (и покрај критиките од страна на умерени набљудувачи, како што се ММФ и весникот Фајненшел тајмс) што доведе до распад на првичната солидарност во ЕУ.

Меѓувладините преговори за условите на финаисирање доведоа до крајно политизирање на дебатата за тоа дали богатите североевропски држави треба да им помогнат на „расипничките“ јужноевропски држави. Преговорите во рамките на еврозоната на теми како прераспределбата и „колективизацијата“ на долгот се во противречност со тоа како да се однесува на национално ниво.

Сонот за една постнационална, космополитска политичка заедница која некогаш беше неспорната цел на ЕУ, сега се наоѓа во опасност, проценува професор Мекнамара. Тој сон сериозно настрада од катастрофалната трансатланска економска криза, од една недоволно испланирана еврозона, од една клиентелистичка грчка економска политика, од една Германија која не сака да отстапи за да ја задржи обединета еврозоната, и од една Франција која не отстапува да ја игра историската улога како баланс на Германија. Случувањата од минатиот месец ја оддалечија ЕУ од нејзината ролја на политичка идентичност, опфатена со оштата цел.

- Прашање е дали политичката заедница на ЕУ ќе може уште еднаш да се открие себеси, да се справи со барањата пред кои е исправена, пишува Мекнамара во својата статија.

Вима - Атина