Loading Video...
Свет
16. April 2020 - 20:48

Европа во моментот е центарот на пандемијата со вирусот Ковид-19

Европа во моментот е центарот на пандемијата со вирусот Ковид-19, а бројот на заразени на стариот континент се приближува кон милион. Според светската здравствена органзиација, следните недели ќе бидат клучни за кризата во Европа.

Кина ги отфрли американските обвинувања дека коронавирусот настанал во лабораторија во градот Вухан. Според портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, и СЗО веќе рекла оти нема докази дека Ковид-19 е создаден во лабораторија.

Претходно, американскиот претседател Трамп изјави дека неговата влада се обидува да одреди дали Ковид-19 настанал во лабораторија во Вухан. Истовремено, државниот секретар Помпео истакна дека Пекинг мора да појасни што знае за вирусот. 

Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме се закани дека ќе ги распушти двата дома на американскиот Конгрес бидејќи законодавното тело се уште не ги потврдува неговите кандидати кои треба да преземат високи функции во администрацијата.

Тој се повика на вториот амандман на Уставот кој на претседателот му овозможува во вонредни околности да го распушти едниопт или двата дома на Конгресот.

Станува збор за 15 кандидати кои треба да преземат клучни функции.