Македонија
6. July 2017 - 17:12

Европратеникот од Бугарија - Џамбаски, бара ЕУ да и нареди на Македонија да се откаже од антиквизација

Во официјално прашање доставено до Европската комисија бара Комисијата, како неформална Влада на Европската унија да нареди „итен прекин на ‘доктрината за антиквизација’ во Македонија, односно во ПЈРМ, како што тој за цело време ја условува македонската држава.

На почетокот на неговото прашање Џамбаски наведува дека „по долг и тежок период на политичка дестабилизација и длабока криза, во Македонија, која ја условува со акронимот ФИРОМ е формирана влада и дека „Бугарија ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон европската интеграција“. Но, тој наведува дека го загрижил фактот што некои прашања што според него се исклучително важни за регионот не биле покренати и дискутирани за време на состанокот на комесарот Хан со премиерот Зоран Заев при посетата на еврокомесарот за преговори за проширување на Скопје.

- Овие прашања се однесуваат на добрососедските односи и на однесувањето. Убеден сум дека ова треба да биде првиот чекор кон пристапувањето во ЕУ.

Дали Комисијата инсистира да биде потпишан договорот меѓу ПЈРМ и Бугарија како услов за пристапување во ЕУ? Дали ќе инсистира на тоа дека доктрината за „антиквизацијата“ ќе биде прекината со непосреден ефект, бидејќи тоа им штети на односите меѓу ПЈРМ и нејзините соседи, а истовремено и ги оневозможува изгледите на земјата за пристапување во ЕУ? - се вели во официјалното прашање на бугарскито европратеник до ЕК.

Но, Џамбаски тука не застанува. Во исто време, идната недела на 11-ти јули, во просториите на Европарламентот во Брисел, тој организира како што се вели во поканата „кратка дискусија за актуелните случувања во ФИРОМ и нејзиниот процес на интеграцијаво ЕУ“. Притоа, тој наведува дека говорници на оваа округла маса ќе бидат според него, „двајца истакнати научници од Македонскиот институт за наука - Георги Николов и Володја Милачков“. Не би било ништо чудно ако во случајот не се работи за измама, бидејќи посочените научници се всушност Бугари, со оглед на тоа што Николов и Милачков во нивните приложени биографии се гледа дека се и двајцата од Софија, како и тоа што посочениот „Македонски институт за наука“ е бугарски, со седиште во Софија и истиот нема никаква врска со Република Македонија и со научници, историчари и професори од македонската држава.