Македонија
22. September 2021 - 11:58

Европска недела на мобилност

Во рамки на одбележувањето „Европска недела на мобилност” граѓани со велосипед свртеа низ центарот на градот од паркот Ибни Пајко - ул. „Филип Втори Македонски“, по бул. „Гоце Делчев“, па по бул. „ВМРО“, преку „Партизански одреди“, бул. „8 Септември“ и бул. „Илинден“ до Градски парк (школка).

На школка беа извлечени неколку добитници на велосипед. Меѓу учесниците поголем број беа средношколци.

Мирјана Давидовска