-->
-->
Европскиот првак продолжува без селекторот ?
-->
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија Игор Кокошков нема да ја предводи селекцијата на европскиот првак во квалификациите за Светското првенство во Кина.
- Невозможно е да бидам на клупата на Словенија. Новиот календар на ФИБА има влијание на играчите, но и на тренерите. НБА играчите сигурно нема да играат во квалификациите, кои ќе се играат во ноември 2017 и во февруари 2018 година. Голем проблем за Словенија ќе биде и ако не се најде решение за спорот меѓу ФИБА и Евролигата. Тоа ќе биде поголем проблем, од тоа дали јас ќе бидам селектор, изјави Кокошков.
Српскиот тренер кој ја предводеше Словенија до златниот медал на штотуку завршениот Евробаскет, има улога и на асистент во НБА тимот Јута Џез и од таа причина не е во можност да биде на клупата на Словенија. Сезоната во НБА лигата ќе се „поклопи“ со дел од квалификациите за СП во Кина.
Според словенечките медиуми најверојатно некој од неговите помошници: Јака Лакович, Александер Секулич и Радо Трифунович ќе го менува Кокошков за квалификациските дуели на Словенија за „Мундобаскетот“ против Шпанија, Црна Гора и Беорусија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор