-->
-->
Ф-1: Алонсо нема да вози во Бахреин
-->
Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, доби забрана за настап на претстојната трка во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Бахреин. Шпанецот пред доаѓањето на патеката „Сакир“, рекол дека е целосно подготвен за настап, меѓутоа, по деталниот преглед на градите, тој не доби дозвола од лекарите.
Алонсо, на премиерната трка во сезоната, Големата награда на Австралија, имаше тежок судар, од кој излезе без посериозни повреди, а неговиот болид беше целосно уништен.
ФИА објави дека снимките кои ги направиле лекарите, покажале дека Алонсо целосно не зкрепнал и поради тоа не добил дозовола да настапи на трката.
Алонсо, во 17-от круг на трката во Австралија, го закачи задниот дел од болидот на Естебан Гутиерез (возач на Хас), потоа излета од патеката, удри во заштитниот ѕид и целосно го уништи болидот.
Двократниот светски шампион, повоторно ќе биде прегледан од страна на лекарскиот тим на ФИА за две недели, кога ќе се вози трката во Кина.
Мекларен одбјави дека покрај Џенсон Батон, на трката во Бахреин ќе вози резервниот возач, Стофел Вандорн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење