Ф1
28. April 2019 - 19:11

Ф-1: Ботас најбрз во Баку

Финецот Валтери Ботас триумфираше денеска на трката во Баку Азербејџан со што ја оствари втората победа оваа сезона и го задржа врвот во генералниот пласман.

                Доминацијата на Мерцедес ја потврди светскиот првак Луис Хамилтон кој го освои второто место. Третото му припадна на Себастијан Фетел од Ферари кој иако се сметаше за фаворит пред оваа трка потфрли овој викенд.