Ф-1: Хамилтон го претекна Раиконен за триумф на Монца
Инциденти, претекнувања, бројни возбудувања и победа на Луис Хамилтон донесе денешното издание на големата награда на Италија од шампионато во Ф-1 на патеката во Монца.
Уште од самиот старт незгоди за фаворитите , инцидент во кој влетаа Хамилтон и Фетел а поголеми проблеми имаше Германецот кој мораше да влезе во боксот.
По овој настан се разгоре битка за првото место помеѓу Раиконен и Хамилтон која траеше се до 45. Круг кога светскиот првак нападна и успеа да мине на челната позиција што на крајот му донесе триумф пред Раиконен и Валтери Ботас.
Фетел кој мораше да се бори за пласман од последната позиција успеа да стигне до 4.место. Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 32 бода повеќе од Фетел.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар