Свет
2. February 2017 - 12:40

Фалон: Лондон нема да помага за нов шкотски референдум за независност

Во текот на мандатот на актуелниот британски Парламент официјален Лондон нема да и помага на Шкотска во организирање на нов референдум за отцепување од Обединетото кралство, изјави денеска  британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, цитиран од британските медиуми.

- Не, забравете на тоа, изјави тој во интервју за шкотскиот весник „Хералд“, како одговор на прашањето дали би помогнал во организирање на нов референдум.

Во друго интервју на истата тема, овој пат за Би-Би-Си, на прашањето за Шкотска тој изјави : „Јасно порачавме дека нема потреба од нов референдум“.

Според него, Никола Старџен, премиерот на регионалната влада на Шкотска и лидер на движењето за отцепување од Велика Британија, треба да го почитува резултатот од референдумот во 2014 година, на кој 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа за останување во Обединетото кралство.

Старџен на Твитер напиша дека Лондон ќе донхесе „катастрофална одлука“ доколку го блокира организирањето нов референдум за независноста на Шкостака.