Фудбал
27. October 2020 - 11:28

„Фармацевтите“ фатија приклучок со врвот во Бундес лигата

Баер Леверкузен со 3:1 го совлада тимот на Аугзбург за да се искачи на четвртото место на табелата во Бундеслигата, останувајќи еден од трите тима кои немаат пораз во новата сезона, покрај лидерот РБ Лајпциг и Волфсбург.
 
Лукас Аларио ги донесе „фармацевтите“ во водство уште во 16. минута со гол од пенал, но гостите израмнија преку Даниел Калигури во 55. минута. Аларио повторно беше прецизен во 74. минута, пред Диало да ја потврди победата во 94. минута.