Македонија
7. February 2017 - 19:05

Фатени тројца штипски разбојници кои извршиле 6 тешки кражби

Фатени тројца штипјани на возраст од 20, 22 и 25 години, сторители на 6 тешки кражби.

-Крадците оперирале по викендици и куќа во Штип, ноќта помеѓу 3 и 4 февруари и однеле плен вреден над 10 000 евра. – стенд ап

Најмногу материјална штета претрпе 57 годишната штипјанка, од чија куќа на улицата Сутјеска, 20 годишен крадец украл 20 златни лири, 5000 евра и бела техника во вкупна вредност од 500 000 денари.

-Дел од одземените предмети, како телевизор, радио, ДВД, звучници, дигитален ресивер, микрофон и разни кабли се пронајдени и вратени на оштетената-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип

Останатите двајца крадци извршиле 5 тешки кражби од викендици во месноста Кумлак, а украдените предмети се вратени на нивните сопственици.