Фаучи: Отворањето на училиштата може да има катастрофални последици
Повеќе од 1.000 Американци ги губат животите од новиот коронавирус секој ден во изминатите две недели, а Центрите за контрола на болести предвидуваат дека бројот на смртни случаи би можел да достигне 200.000 до почетокот на септември.
Д-р Ентони Фаучи, водечки американски епидемиолог, изјави дека „не е задоволен од развојот на ситуацијата“ и повторно предупреди дека отворањето на училиштата може да има катастрофални последици.
Фаучи вели дека за да се отворат училиштата, „заедниците треба да ја задржат стапката на инфекција под 10 проценти“, и дека мерењето на температурата не е сигурен начин за преглед.
Во разговор во живо на Фејсбук со гувернерот на Род Ајленд, Џина Рајмонд, Фаучи рече дека часовите треба да бидат на отворено колку што е можно повеќе, прозорците треба да бидат отворени во училишните автобуси и учениците треба да носат маски колку што можат повеќе.
„Излегувајте надвор колку што можете повеќе. Ако ги погледнеме собирите каде што вирусот се шири масовно, тие беа скоро секогаш во затворен простор“, рече тој, потсетувајќи на жариштата на инфекцијата во домови за стари лица, магацините, затворите, како и свадби и другите социјални настани.
Фаучи, кој беше интервјуиран во живо на Инстаграм од актерот Метју Меконахи, вели дека Американците треба да избираат меѓу забавите ова лето и учебната година. „Дали сакате да отворите барови или училишта?”
Вo САД дебатата околу отворањето на училиштата продолжува.
Во училиштата што веќе се отворија, проблемите брзо се појавија – најмалку 2.400 ученици и наставници се ставени во карантин во шест сојузни држави.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот