ФБИ и Скотланд јард вклучени во истрагата за убиството на словачкиот новинар
- Американското ФБИ и британски Скотланд јард како и други странски агенции помагаат на словачките колеги во истрагата за убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, изјави денеска словачкиот минстер за внатрешни работи Роберт Калинак.
Во порака на фејсбук, Калинак вели дека е во контакт со „најважните истражни агенции во светот“ кои ги замолил за помош во истрагата.
Тој претходно изјави дека чешките и италијански полициски сили како и Европол веќе соработуваат со своите словачки колеги во истрагата.
Словачката полиција приведе седум луѓе и изврши претрес на неколку локации во врска со италијански бизнисмени за кои се сомневаат дека имаат врски со италијанската мафија, за што Куциак пишувал во последниот текст, кој беше постхумно објавен
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени