Свет
28. March 2016 - 21:12

Фејсал Шефу ослободен поради недостиг на докази

Белгиското обвинителство денеска го ослободи од притвор Фејсал Шефу, кој е осомничен за учество во терористичките напади во Брисел, а како причина за ослободувањето се наведува недостиг на докази.

Во соопштението на државниот обвинител пишува дека „индикациите кои довеле до апсење не биле доволни“.

Шефу беше осомничен за поврзаност со тероризам.

Белгиската полиција утрово објави нова видео-снимка на третиот осомничен бомбаш од бриселкиот аеродром, чија бомба не експлодира за време на минатонеделниот напад.