Интернет
28. јуни 2017 - 9:28

Фејсбук месечно го користат по две милијарди луѓе

Социјалната мрежа Фејсбук вчера објави дека ја достигна бројката од две милијарди активни корисници месечно.

- Денеска одбележуваме нова пресвртница - сега имаме две милијарди луѓе кои секој месец го користат Фејсбук, стои во соопштението на компанијата, која својата прва милијарда корисници во еден месец ја „прослави" во октомври 2012 година.

- Напредуваме во поврзувањето на светот и го правиме поблизок, истакна основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Фејсбук, кој е формиран во 2004 година, во првото тримесечје од 2017, забележа профит од три милијарди долари.