Македонија
21. February 2020 - 18:00

Фер и демократски изборен процес како нов предизвик пред Македонија за позитивен одговор од Брисел

По донесувањето на реформските закони пред Македонија е нов предизвик – организирање на  демократска кампања и фер избори. Со ваква порака денеска пристигнаа европратеници од новата парламентарна група Обнова на Европа. Претседателот Циолос вели дека земјава ги испорача реформите, а новата методологија за прошитување на унијата треба да биде искористена за старт на преговорите со Македонија. Но не може да гарантира дали тоа ќе се случи на мартовскиот самит на Европскиот совет.

Независно од резултатите од изборите на Северна Македонија ќе и треба силно мнозинство во Собранието, за да ги спроведе реформите кои се потребни и за народот, но и со цел да успее во процесот на пристапување во Европската Унија. Ако реторикаta отиде во валкана насока, губитници ќе бидат граѓаните на Северна Македонија, но и самата држава. Затоа сметаме дека е важно и медиумите да создадат атмосфера и рамка за една дебата за тоа што политичарите и политичките партии сакаат за Северна Македонија во иднина, истакна Циолос.

Техничкиот премиер вели дека Владата ќе создаде вистински амбиент за спориведување на фер и демократски избори, но апелира сите политички партии кои ќе учествуваат во избирачкиот процес да бидат на висина на одговорноста. Спасовски потенцира дека почеток на преговорите за членство оваа пролет, ќе го врати кредибилитетот на Европската унија.

Во наредниот период очекуваме иста таква зрелост и од државите членки на ЕУ за да не се даваат аргументи за зјакнување на националистичката и антиевропската реторика во земјава која може да ги стави во ризик Договорот од Преспа, и реформските процеси. На тој начин ние посакуваме ЕУ да испратил силен сигнал на целиот регион на Западен Балкан, да зајакне кредибилитетот на ЕУ во поширок геостратешки контекст што е значајно за целиот регон, истакна Спасовски.

Истите овие пораки европратениците денеска им ги пренесоа и на шефот на државата Пендаровски, спикерот Џафери и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Групата Обнова на Европа е трета највлијателна парламентарна група во Евроспкиот парламент во моментов. Формирана е од европратеници од 22 земји членки на унијата меѓу кои и Гранција и Холандија, факт кој Циолос вели дека ќе биде искористен во полза на Македонија.