Живот
30. August 2017 - 14:14

Фестивал Томатина: Илјадници луѓе во борба со домати

Во шпанскиот град Буњол е одржан фестивал Томатина, каде учестувале повеќе од 20.000 луѓе на традиционалното гаѓање со домати.

По неодамнешниот терористички напад во Барселона, преземени се дополнителни мерки за безбедност и распоредени се околу 700 агенти.

Од камионот на улицата фрлени се околу 160 тони зрел домат со кои учесниците меѓусебно се гаѓаа во едночасовна борба од забава. Правилата налагаат дека не може да се употреби друг зеленчук.

Многу од нив носеле заштитни очила, а по фестивалот на учесниците им биле на располагање јавни тушеви.

Фестивалот датира од 1945 година кога локалните деца се гаѓале со храна во регионот за одгледување домати.