Фудбал
3. September 2018 - 18:57

ФИФА ги скрати номинациите за најдобар играч

ФИФА  ги скрати номинациите на три имиња за најдобар фудбалер на годината. Во конкуренција се  Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.   Церемонијата на проголасување е закажана за 24. Септември во Лондон.

                         На листата на номинирани за првпат по цели 12 години го нема капитенот на шпанскиот шампион Барселона  Лионел Меси кој немаше успех во Лигата на шампионите и мундијалот во Русија.

            ФИФА очигледно го потврди изборот на УЕФА која трофејот му го врачи на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Дали тоа ќе биде изборот и на светската организација останува да видиме или пак изборот ќе падне повторно на Роналдо или египќанецот Мохамед Салах кој игра за Ливерпул.

          Наградата за најдобар играч во светот ќе го носи името Д Бест  што е и најголемата промена на церемонијата.  Во конкуренција за најдобар тренер се Дидие Дешам, хрватскиот селектор Далиќ и Зинедин Зидан.