Македонија
17. November 2021 - 16:45

Филипче, Царовска, Бектеши - што мислат тие за најавата за смена на министри?

Заев и Ахмети разговараат околу можната реконструкција на Владата. Ова денеска го откри министерот Бектеши, кој вели дека ставот на ДУИ во овие преговори е дека нема потреба да се менуваат нивните кадри во Владата. Конечната одлука сепак ќе ја носат лидерите на двете партии.

Неминовно е да има реконструкција на Владата имајќи предвид дека веќе имаме приложено оставка од министерот за земјоделство и двајцата заменици-министри од движењето Беса. Во делот на ДУИ, ние сме го кажале нашиот став дека нема потреба од измени на членовите од ДУИ во постоечката влада, но секако согласно преговорите што веќе се одвиваат од страна на претседателот и претседателството на ДУИ и со премиерот и претседател на СДСМ, но и со другите политички партии, конечната одлука ќе ја донесе претседателот и претседателството на ДУИ“

Дали и кога ќе има реконструкција на владта денеска конкретно не одговорија ниту министерите Филипче и Царовска. Велат дека нивниот фокус во моментов е водењето на миистерствата се додека премиерот не одлучи поинаку.

Можноста Македонија до нова година да добие „Влада Заев 3“ со смена на повеќе министри вчера ја најави потпретседателот на СДСМ Битиќи. Денеска детали на оваа тема нема, а Собранието се уште ги нема констатирано ниту поднесените оставки на министерот за земјиделие и двајацата заменици од редовите на БЕСА, кои најавија заминување од функциите ден по неуспешната иницијатива за недоверба на Владата. 

Сепак за реконструкција на кабинетот на Заев, на владејачкото мнозинство во овој момент му недостасуваат најмалку 2 пратеници.