Македонија
17. May 2020 - 10:58

Филипче: Целосно оздравеа 91 отсто од здравствените работници заболени од Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 сега се целосно оздравени.

– Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, додава Филипче во објавата.

Во друга објава, тој посочува и дека до крајот на претстојнава неделата ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.