Македонија
8. April 2020 - 10:23

Филипче: Да ги заштитиме здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил апелира до сите граѓани да ги заштитиме здравствените работници бидејќи од нив зависи јавното здравје и нашите животи.

Секогаш, пишува Филипче, давајте точни одговори на епидемиолошките анкети – кои се вашите сиптоми, дали сте биле во контакт со лице од странство или лице заболено од Ковид-19.

– Со лажни информации ги ставате во опасност здравствените работници кои се грижат за вас, но и вашите најблиски со кои секојдневно сте во контакт, пишува Филипче, и додава доколку се сомневате дека сте заболени од Ковид-19 или имате симптоми карактеристични за вирусот да носите заштитна опрема и да држите растојание.

Оваа борба, вели тој, зависи од секој од нас.

– Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Тие за сите нас, ние за сите нив, пишува Филипче на ФБ.