Македонија
24. February 2021 - 9:03

Филипче денеска на Табановце ќе ја прими втората пратка на вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка на вакцини од Србија во Македонија. 

- Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска (среда, 24.02.2021 година) на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од министерството информираат дека настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската границаво 13:30 часот.