Филипче: Двајцата пациенти се стабилни, хоспитализирани на Пластична хирургија
Министерството за здравство информира дека пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот ,,Струма" во Република Бугарија претпладнево се префрлени на лекување во УКЦ ,,Мајка Тереза" во Скопје.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, ги пречека пациентите и во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни, тие се со полесни повреди, задржани се на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
-Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман. Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент. Целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето - истакна министерот Венко Филипче.
Останатите пациенти кои се на лекување во Софија, ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење