Македонија
22. July 2019 - 16:26

Филипче ги седна на маса сите инволвирани, каде и како зависниците ќе примаат метадонска терапија?

Каде ќе завршат 530-те корисници на метадон од Центарот за зависности во Кисела Вода? По бурните реакции во јавноста и отпорот на локалното население за најавената дисперзија, министерството за здравство ги седна на заедничка маса скопските градоначалници и невладини организации за да најдат најсоодветно решение.

Министерот Филипче и експерти од оваа област веќе се изјаснија дека децентрализација на центрите ќе значи поголема контрола но и подобар третман за зависниците. Но за тоа треба да ги убедат и граѓаните кои бараат одоговри кој ќе им гарантира дека ќе бидат беазбедни.

-Неопходна е психосоцијална подрдршка, има многу простор за унапредување од ова што е сега. Не смее никако да се заврши само на фармаколошка терапија. Психолози може да с енајдат ако постои волја и средства, вели Ивица Цековски директор на ХОПС.

Според статистиката на невладиниот сектор, во Скопје најмногу корисници на метадон има во Чаир околу 120 а во Кисела Вода и Аеродром 80. Од ХОПС велат дека дел од зависниците и цел живот се на метадонска терапија.

-Во Македонија има 6800 корисници на дрога која се инјектира а околу 1800 – 1900 се лекуваат. Само една третина имаат пристап во центрите за лекување, вели Цековски.

Освен Центарот за зависности во Кисела Вода, веќе 10 години околу 60 зависници земаат метадон во Центарот во ГОБ 8-ми септември. Уште осум центри има во поголемите градови во внатрешноста.

Иако првичниот предлог на Министерството е да има дисперзирани центри во поликлиниките Јане Сандански и Ченто, нејасно е дали надлежните ќе опстојат на оваа идеја или ќе бидат вклучени и други здравствени установи во градот.

На денешниот координативен состанок се очекува да биде решено и како ќе биде контролиран целиот процес на лекување.