Филипче: Очекуваме да пристигнат двајца од седумте пациенти кои беа хоспитализирани во „Пирогов“ во Бугарија
Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ ги очекуваме да пристигнат од Бугарија. Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места, изјави пред Ургентниот клинички центар министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман.
-Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања рече дека сегашната најава е дека тројца други пациенти треба да дојдат во понеделник.
– Ќе искомуницираме уште еднаш во утрешниот ден, ќе ги организираме возилата ако состојбата го дозволува тоа ќе го организираме и транспортот. Сите се во стабилна состојба и сите се со полесни повреди, освен едниот пациент кој имаше два хируршки зафати, еден поради скршеница на потколеницата и друг поради нешто посериозно скршеница на два пршлени и тој е во стабилна состојба, така што сите овие останати имаат повреди кои се во сферата на пластичната хирургија – посекотини, нагмечувања итн., а тој пациент во сферата на трауматологијата, ддодаде Филипче.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата