Македонија
9. September 2021 - 18:05

Филипче: Од одговорност не бегам, ќе чекам да заврши истрагата

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека ќе почека да заврши истрагата па да одлучи дали ќе си поднесе оставка.

- Од одговорност не бегам, но ќе чекам да заврши истрагата. Имаше повик за моја оставка. По завршување на истрагата ќе одлучам дали ќе поднесам оставката. Немам зборови да ја опишам тежината на болката што ја чувствувам, рече Филипче.