Македонија
4. October 2021 - 13:04

Филипче: Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција кажа дека трета доза можат да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања.

- Препораката од Комитетот за имунизација е да освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, кажа министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми, вели Филипче.

Министерот информираше и за процесот на вакцинацијата на ниво на целата држава.

- Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.  На територија на цела државата од вкупното населени, 38,2 % примиле една доза вакцина. Според општини, најмногу вакцинирани - со две дози над 18 години: Вевчани 72,3%; над 60% Гевгелија, Демир КАпија, КАвадарци, Неготино, Охрид; Над 55% - Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово; Под 30% Липково, Македонска Каменица, Ново Село, кажа Филипче.

Филипче објасни и за количината на вакцини со кои располага Министерството за здравство.

- Во моментов располагаме со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астра Зенека. Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се довива во 7 те Поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари. Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза, додава Филипче.

Министерот додаде дека 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани, дури 85% од смртните случаи во период од 6 август до 26 септември биле невакцинирани.