Македонија
7. July 2021 - 14:30

Филипче: Уште четири пациенти заразени со индискиот сој

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека бројот на заразени со делта сојот се зголеми за уште четири лица.

- Оние вчерашни испитувања на четворица пациенти, случаите што се анализираа, потврдија дека имаат индиски сој на коронавирусот. Еден пациент е во потешка, додека пак другите се со стабилна клиничка слика и немаат потешка форма на болеста, соопшти министерот Филипче.