Македонија
12. November 2019 - 9:22

Филипче: За здравствената администрација нема покачување на платата зошто не можат да се одделат од јавната администрација

Здравствената адмимистрација не може да се оддели од останатата јавна администрација и затоа не се опфатени со најавеното покачување на платата во здравството од февруари, изјави министерот Венко Филипче откако вчера преку соопштение реагираше независниот синдикат на техничко -административниот персонал во здравството.

Тие велат дека се изманипулирани и најавија протест за 28 ноември доколку не се реши и нивното барање за повисоки плати и за нив.

Филипче рече дека тие во септември добиле покачување заедно со останатата администрација и со двата синдикати разговарале и за нив во повеќе наврати, но не можеле да најдат решение и да ја одделат здравствената администрација за да добијат и тие ново покачување на платите.

Со зголемување на платите во здравството не се опфатени и болничарите, а за 25 проценти повеќе пари ќе добијат специјалистите, а медицинските сестри поголема плата за 10 проценти.

Александар Динев