Свет
2. September 2016 - 18:49

Филипини: Експлозија на пазар - Најмалку 10 лица загинати

Најмалку 10 луѓе загинаа, а 60 се повредени во експлозија на пазар во филипинскиот град Давао.

- Нејасна е причината за експлозијата на пазарот во Давао, што е на 960 километри јужно од Манила, изјави Ернесто Абела, портпарол на филипинскиот претседател.

Полициски извори наведуваат дека причина за експлозијата највероајтно е бомба.

Експлозијата се случи неколку дена откако терористичката група Абу Сајаф се закани со напади по воената офанзива против нив на јужниот остров Јоло.