Свет
18. December 2017 - 14:02

Филипинскиот Конгрес одобри дополнителни средства за борба против шверцерите на дрога

Филипинскиот Конгрес ги одобри денеска бараните 15 милиони евра, кои полицијата ќе може да ги употреби во борбата против шверцерите на дрога.

Се очекува филипинскиот претседател Родриго Дутерте да го одобри зголемувањето на полицискиот буџет, имајќи предвид дека едно од неговите главни предизборни ветувања беше засилување на војната против шверцерите со дрога, за што тој одобрува дури и ликвидација без судење.

Полициските сили информираа дека во изминатите 17 месеци ликвидирале над 3.900 дилери и корисници на дрога.