Бизарно но вистинито
16. November 2019 - 20:18

Филмско бегство од полициска станица во Москва: Скокна од прозорец со радијатор врзан за раката

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како еден маж скока од прозорец на полициска станица и бега.

Тоа можеби не би било толку чудно доколку типот не скокнеше од првиот кат врз покрив на автомобил кој бил паркиран долу, што и му го ублажи падот.

Но ситуацијата да биде уште полуда, тој скокнал со радијатор врзан за раката со лисици.

Се се случило во Москва, а деталите за ова необично бегство се уште не се познати.