Loading Video...
Тенис
13. September 2021 - 10:08

Финалистките на УС Опен, Радокану и Фернандез со најголем напредок на ВТА листата

Нема промени на првите четири позиции на ВТА листата, на која и инатаму водечка е Ешли Барти, пред Сабаленка, Осака и Плишкова. 
 
Затоа двете финалистки на УС Опен, тинејџерките Ема Радокану и Лејла Фернандез направија огромен скок.
 
18-годишната Канаѓанка, Радокану со триумфот во ЊУ Јорк направи скок од 127 места, па од 150-тато сега е на 23-тото на новата ВТА листа, што пак во однос на почетокот на годината е прогрес од 321-на позиција.
 
Финалистката, 19-годишната Фернандез која годината ја започна на 322-место, а пре УС Опен беше 73-та сега е на 28-то место на најновата ВТА листа.