Македонија
1. May 2018 - 14:26

Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје

Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје. 

Како што информира МВР, случајот синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.